Патентиран првиот омепразол во течна форма во светот – „Алкалоид“ со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ

February 19, 2024
1 min read

 

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти.

Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти). Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата, а се манифестираат со враќање на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува нелагодност и можни долгорочни компликации.

Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата, од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба.

Иновативноста на овој нов производ на „Алкалоид“ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен Омперазол за употреба. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални

Следно

Цените на електричните автомобили во Европа ќе паднат поради кинеската конкуренција

Latest from Blog

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека имал добар и продуктивен телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, пред средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најавена за

Грчки музички сојуз со поддршка за македонскиот бенд Banda Entopica

Панелинскиот музички сојуз остро ја осуди, како што ја нарече, неприфатливата постапка на градоначалникот на Лерин, кој предводел група „револтирани граѓани“ и предизвикал тензии за време на концерт на традиционална музика поради

Тренер на женскиот тим на Валенсија почина на одмор во Индонезија

Фернандо Мартин, тренер на вториот женски тим на Валенсија, почина заедно со тројца членови на неговото семејство откако нивниот брод се преврте во Индонезија за време на божиќните празници, соопшти шпанскиот фудбалски

ВЛЕН: Пропадна обидот на ДУИ за манипулација со правичната застапеност

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека официјалните податоци за 2024 година ја демантираат кампањата на ДУИ за наводно намалување на правичната застапеност. Според нив, извештајот покажува дека застапеноста на Албанците не само што не
Go toTop