Папата Лав повторно апелира за крај на војната и внесување на хуманитарната помош во Газа

May 21, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Папата Лав XIV денес го повтори својот апел за итен прекин на војната во Газа и внесување на хуманитарната помош во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.

„Го обновувам мојот апел да се дозволи внесување на достоинствена хуманитарна помош и да се стави крај на непријателствата, чија срцепарателна цена ја плаќаат децата, старите лица и болните“, рече папата на првата општа аудиенција на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, според Ватиканската новинска агенција.

Изминатите неколку дена израелската армија ги интензивираше нападите врз Газа, при што се убиени повеќе од 500 Палестинци, а стотици се повредени.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што се убиени речиси 53.600 Палестинци, повеќето жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Владата е стабилна и силна

Следно

МВР и ФФМ потпишаа Меморандум: Фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop