Панова: Борба со корупцијата не е можна од луѓе кои што лично се вплеткани длабоко во криминал и корупција

1 min read

„Ова е една голема тема на која што веројатно ние пратениците знаеме со часови да зборуваме во Собранието, а впрочем една колешка 10 часа ги набројуваше скандалите од власта“, истакна пратеничката во Собранието на Република Македонија, Ели Панова на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Панова додаде дека борба со корупцијата не е можна од луѓе кои што лично се вплеткани длабоко во криминал и корупција.

„Првото нешто кое што треба да го направиме е буквално да ги прегазиме на наредните избори за да знаеме дека навистина ќе има луѓе кои што ќе се изборат со оваа појава која што е во епски размери во Република Македонија. Токму ова претставува нашето вистинско вето, заради тоа што ако на нешто како држава мораме да обратиме внимание во наредниот период е тоа и те како да се позанимаваме со борбата со криминалот и корупцијата. Она кое што исто така е многу битно е да се каже е дека ние како Република Македонија всушност немаме поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Впрочем имаме приватизирано Собрание, како што имаме приватизирани институции“, рече пратеничката.

Таа посочи дека ако има амин од власта тогаш се избираат нивни луѓе за судии и обвинители.

„Ние како пратеници во изминатиот период сме сведоци и на многу катастрофални персонални решенија односно многу неспособни, некадарни луѓе кои што се поставуваат во највисоките судски инстанци тоа е случај на пример со Судскиот Совет, со Советот на јавни обвинители. Еве сите знаете кој е државен јавен обвинител во Република Македонија, лицето кое што беше повикувано многупати од наша страна и со прес конференции и со поднесени кривични пријави преку повикување дури пред државното јавно обвинителство меѓутоа за сите овие скандали до ден денес нема никаква разврска“, појасни Панова.

Панова укажа дека не може да се очекува дека ќе има разврска заради тоа што криминалот и корупцијата по државата ги сее токму власта.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Борел ги поканил Вучиќ и Курти на средба во Брисел за смирување на тензиите  

Следно

Меси го постигна најбрзиот гол во кариерата

Latest from Blog

Усул бе друже цариник

Меѓу притворениците се генералниот директор на либиската царина и првиот човек на царината на аеродромот во