Пандов: Покрената дисциплинска против затворски службеник а истрагата треба да утврди како мобилниот се нашол во затворот

February 2, 2025
1 min read

Васил Јованов – возачот кој ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова го добил телефонот од друг притвореник во затворот Шутка. Роднина на Јованов пак дал пари на братот на притвореникот кој му го обезбедил телефонот, ова денеска го соопшти првиот човек на Управата за извршување санкции – Александар Пандов…..Истрагата дополнително треба да откире како телефонот бил внесен во затворот.  

Александар Пандов – Директор на Управа за извршување санкции: „Тој што му го дава телефонот е притворено лице, а службено лице односно затворски полицаец е тој што го пренесува во кутија со колачи од една во друга ќелија. Телефонот е платен од член на најтесното семејство на Васил Јованов. Како е влезен телефонот во затворот немаме откриено, но сум оптимист дека и тоа ќе го откриеме. Службеното лице кое што го пренесува таа кутија со колачи ќе биде најстрого санкциониран“.  

Постапки најавуваат и од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при обвинителството. 

Обвинителство: „Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во затворот ‘Скопје’ и по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана“. 

Пандов вели дека корупцијата во затворите е повеќедецениска пракса. Најави војна против корумпираните службеници во затворите и најстроги казни и бркање од работа. 

Александар Пандов – Директор на Управа за извршување санкции: „Покренати се во овој период над 30 постапки во обвинителство против лица кои работат во затворскиот систем, но за жал морам да потенцирам дека тоа очигледно не е доволно и она што можам да ве уверам е дека од утре ќе има засилени претреси секојдневно со помош на интервентните единици“….

Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание во постапката. Според обвинителството, тој бил под дејство на алкохол и без возачка дозвола кога ја прегазил Фросина на пешачкиот премин на „Партизанска“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Французите преку Португалија до бронзен медал на СП

Следно

И синоќа улиците преполни со студенти во Белград од протестите на кои се бара правда

Latest from Blog

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите
Go toTop