Панајотопулос: Околу 7.000 лица лани биле депортирани од Грција или доброволно вратени во нивните земји

February 19, 2025
1 min read

Минатата година околу 7.000 лица кои не добиле азил во Грција биле депортирани или доброволно вратени во нивните земји, додека пак од јануари биле вратени над 500 лица, соопшти денеска министерот за миграција и азил на Грција Никос Панајотопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Панајотопулос беше во посета на автономната единица за азил и на центарот за притвор на странски државјани пред нивното заминување од Грција, што се наоѓаат во близина на Атина, од каде што најави забрзување на враќањето во земјите на потекло на нелегалните мигранти, чии барања за азил се одбиени и ја повтори посветеноста на грчката Влада за зајакнување на системот за враќање, со цел зголемување на безбедноста и ефикасноста на процесот за азил.

-Враќањата отсекогаш биле основен елемент на нашето планирање, нешто што се потврдува и со официјалните податоци. Грција е на четврто место во Европа по бројот на вратени одбиени баратели на азил, нагласи министерот и посочи дека во текот на претходната година биле вратени приближно 7.000 луѓе или преку депортација или преку доброволно враќање, а од јануари и првите денови на февруари, вратени се над 500 луѓе и како што рече „процесот продолжува“.

Паралелно се осврна на безбедноста како главен приоритет за Грција и Европа, потенцирајќи дека „за безбедноста не може да се преговара“ и дека сите европски земји се согласни „дека е потребен нов пристап за враќањата, азилот и заштитата на границите, а Грција е предводник“.

– Интензивирањето на европската дискусија за враќањата веќе е приоритет. Грција го предводи овој напор. Очекуваме одлука на европско ниво за зајакнување на рамката за враќање, истакна Панајотопулос.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Париз домаќин на уште еден состанок за Украина

Следно

„Циркуз Медрано“ во Собранието: На повидок две расправи за аерозагадувањето, едната на опозицијата другата на власта

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop