„Циркуз Медрано“ во Собранието: На повидок две расправи за аерозагадувањето, едната на опозицијата другата на власта

February 19, 2025
2 mins read

Владејачкото мнозинство во Собранието, предводено од ВМРО ДПМНЕ, направи „циркуз Медрано“ во Парламентот. Со помош на собранискиот спикер, Африм Гаши, одлучи надзорната расправа на која треба да се расправа за ефектите од аерозагадувањето – да се одржи во Комисијата за здравство, наместо во Постојната анкетна комисија. Претседателка на Комисијата за здравство е пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, а на Постојната анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓанинот е пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево информираа дека Гаши ја назначил Комисијата за здравство како матично работно тело за расправата.

„Комисијата за здравство сега соодветно ќе ја свика седницата, за да се погрижи расправата да се одвива на организиран, деловнички и законски начин. Собранискиот надзор е суштински, но и почитувањето на Деловникот за одржување на кредибилитетот и отчетноста. Собранието останува посветено на решавање на важни јавни прашања, истовремено обезбедувајќи процедурален интегритет“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Оттаму информираа дека на 6 февруари претседателот на Постојната анкетна комисија Димитар Апасиев доставил известување дека надзорната расправа ќе се одржи на 25 февруари, а дел од членовите на оваа Комисија на 13 февруари доставиле известување со кое укажале дека во однос на оваа јавна расправа има постапувања кои не се во согласност со Деловникот. Укажувањата биле проследени до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која на 17 февруари заклучила дека не биле испочитувани процедуралните правила по што претседателот на Собранието го информирал Апасиев дека закажаната јавна расправа не може да продолжи под тие околности. 

„На 30 јануари 2025 г., доставено е Барање од 20 пратеници до Претседателот на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, преку Претседателот на Собранието за одржување на надзорна расправа на која ќе се расправа за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје. На 6 февруари 2025 г. Претседателот на Постојаната анкетна комисја, г. Апасиев достави известување дека надзорната расправа ќе се одржи на 25 февруари 2025. Дел од членовите и замениците членови на Постојаната анкетна комисија за заштита на слoбодите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонија, на 13 февруари 2025 година, под архивски број 17-933/1 до Претседателот доставија Известување во врска со надзорната расправа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слoбодите и правата на граѓанинот на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ закажана за 25 февруари 2025 година, СО КОЕ УКАЖУВААТ ДЕКА во врска со оваа јавна расправа има постапувања кои не се во согласност со Деловникот. Овие укажувања беа проследени до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања согласно членот 62 точка 3 од Деловникот, а за што беше известен и г. Апасиев. Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го разгледа предметот и на 17 февруари заклучи дека не се почитувани процедуралните правила. Следствено, на 19 февруари, претседателот го информираше г. Апасиев дека закажаната расправа не може да продолжи под тие околности“, се наведува во писмениот одговор од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев вчера на прес-конференција обвини дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прават опструкции и саботажи за надзорната расправа за аерозагадувањето. Од претседателот на Собранието Африм Гаши побара да не го зема предвид мислењето на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања и да не го опструира процесот, бидејќи ќе се соочи со правни постапки. 

Апасиев објасни дека добил допис од  Гаши дека дваесет пратеници од опозицијата од него побарале да свика надзорна расправа за аерозагадувањето, што било негова деловничка должност така да постапи. Тој рече дека Постојаната анкетна комисија веќе е во „неповратен“ процес на канење на четириесет гости меѓу кои премиерот и двајца министри, единаесет претставници на јавни органи, шест градоначалници, четири експерти и професори, осум екоактивисти, четири истражувачи новинари и тројца од приватен сектор.

Барање за одржување надзорна расправа испратија и 61 пратеник од владејачкото мнозинство во Собранието откако Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања донесе мислење. Како што вчера на прес-конференција изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, надзорна расправа ќе се случи со целосно почитување на одредбите од Деловникот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Панајотопулос: Околу 7.000 лица лани биле депортирани од Грција или доброволно вратени во нивните земји

Следно

Сиљановска-Давкова ги прими победничките тимови на „NASA Space Apps Challenge 2024“

Latest from Blog

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска категорично демантираше дека постои каков било договор за прифаќање мигранти. -Сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. – Добро е кога на крајот
Go toTop