Памела Андерсон проговори за врската со Лиам Нисон, сите се зачудени: Тоа би била смртна казна (ФОТО)

September 7, 2025
1 min read

Уште едно признание што го потврдува нејзиниот статус на филмска икона и фактот дека оставила сериозен белег во Холивуд.

Но, додека камерите светкаа за наградата, публиката уште повеќе чекаше на нејзиниот коментар за – љубовта. Поточно, за приказната што ги зафати таблоидите ова лето: наводната романса со Лиам Нисон.

Памела за ПР врските: „Тоа би била смртна казна“

Андерсон ја искористи можноста да ги отфрли гласините во свој стил – директно и без ракавици.

– Не учествувам и никогаш нема да учествувам во ПР трикови. Тоа би била смртна казна. Се водам од автентичност. Суеверна сум кога станува збор за љубовта. И не ми е удобно да споделам ниту дел од мојот романтичен живот, рече таа на фестивалот.

Памела објасни дека е среќна што гледа љубовни приказни во живо на екранот:

– Знам дека повторно ќе се заљубам на екранот. Тоа е моја работа. Ако го направиме како што треба, ќе го почувствувате тоа, како еден вид проекција.

А што е со Лиам?

Кога ја прашаа за Лиам, Памела сè сведе на комплимент:

– Тоа е најголемиот комплимент. Затоа ве молам размислувајте позитивно. Ги ценам вашите добри желби. Не играм глупави игри. Искрена сум.

Потсетете се дека романсата беше загреана за време на промоцијата на нивниот филм „Гол пиштол“, кога се појавија заедно, а извори тврдеа дека „беше очигледно дека си се допаѓаат“.

Еден инсајдер тврдеше дека „хемијата никогаш не се развила во интимна врска“, додека друг извор инсистираше дека сè било „многу искрено“ и дека нивната врска не била ПР трик.

Памела си останува Памела

Дали се заљубени или само одлични партнери на екранот? Тоа сè уште е во воздух. Но, едно е сигурно – Памела Андерсон сè уште ја држи приказната во свои раце. Иконата на деведесеттите, жена која знае како да ги преживее холивудските бури и да остане своја, дури и кога таблоидите шпекулираат за „најголемиот ПР трик на годината“.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се разведе и „Колдплеј љубовницата“ (ВИДЕО)

Следно

Gmail конечно ќе ве извести

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop