Палестинец застрелан од израелската војска во Џенин

August 17, 2023
1 min read

ЏЕНИН (АА) – Палестинец беше застрелан од израелската војска во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Анадолу.

Министерството соопшти дека 32-годишен маж бил смртно „застрелан во главата, градите и стомакот за време на израелската агресија врз Џенин утринава“.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелските сили упаднале во Џенин со голем број воени возила и булдожери.

Меѓу десетици Палестинци и израелските сили избувнаа судири при што се слушнаа истрели.

„Приведени се и двајца палестински цивили“, изјавија очевидци.

Од почетокот на оваа година Западен Брег е сведок на напади од израелската армија и од доселениците врз палестинските градови и населби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерство за одбрана: Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба

Следно

Гвардиола: Насилството е насекаде бидејќи постои голема разлика меѓу богатите и сиромашните

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop