Пакистанскиот премиер Шариф: Зголемувањето на билатералната трговија со Туркије на 5 милијарди долари е приоритет

August 9, 2024
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денес рече дека се преземаат чекори на приоритетна основа за зголемување на обемот на трговската размена помеѓу Пакистан и Туркије на 5 милијарди долари годишно, јавува Анадолу.

Во разговор со турската делегација на инвеститори во неговиот кабинет во Исламабад, предводена од министерот за трговија и царина Омер Болат, премиерот Шариф рече дека Исламабад и Анкара веќе се договориле да го зголемат обемот на трговската размена од моментното ниво на 5 милијарди долари годишно.

„Пакистан и Туркије се две земји, но една нација бидејќи народот на Пакистан и Туркије имаат идеални братски односи што егзистираат наназад со векови“, нагласи Шариф во официјалното соопштение објавено на јазикот урду.

Исто така, тој ја поздрави делегацијата и им наложи на пакистанските власти да им обезбедат на инвеститорите секакви погодности за инвестирање во Пакистан.

Тој додаде дека неговата Влада сака да ги унапреди трговските односи меѓу двете земји.

„Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше договорено зголемување на обемот на трговската размена меѓу Пакистан и Туркије од сегашното ниво на 5 милијарди долари годишно“, изјави премиерот Шариф пред делегацијата.

Тој, исто така, ја повтори својата покана до турскиот претседател наскоро да го посети Пакистан и рече дека „Пакистанците ја чекаат посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Пакистан“.

Сегашниот обем на инвестиции на 54 турски компании во Пакистан е 3,5 милијарди долари, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина ја обвини Русија за напад врз супермаркет и пошта во кој загинаа четири лица, а 24 се повредени

Следно

Станува проблем тоа што Германија не ја води Европа како што треба

Latest from Blog

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.
Go toTop