Овации за Билјана Драгичевиќ Пројковска на сцената на националниот театар „Иван Вазов“ во Софија

February 23, 2023
1 min read

Вчера на сцената на Народниот театар „Иван Вазов” во Софија, настапи познатата македонска артистка од Драмски театар-Скопје, Билјана Драгичевиќ-Пројковска.

Таа беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов.

Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор, Пројковска беше бурно поздравена од преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена.

Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ „Иван Вазов”, предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев.

Драгичевиќ – Пројковска за истата улога ја доби и престижната актерска награда на Македонскиот театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“, за најдобра епизодна женска улога на изданието на Фестивалот во 2016 година.

Народниот театар „Иван Вазов“ со оваа изведба го прослави јубилејот по повод 100-годишнината од раѓањето на големата режисерка и професорка Јулија Огненова. По повод јубилејот на сцената на Народниот театар се одигра претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман на режисерот Александар Морфов, кој што е еден од нејзините најпознти ученици.

Претставата е создадена според драмата “Самоубиецот” на Николај Ердман, која долги години беше забранета за играње од властите во Советскиот сојуз. Претставата е една од најдобрите и најгледаните во Народниот театар и билетите за синоќешната изведба беа распродадени неколку месеци порано.

Во претставата заедно со Пројковска играат големи актерски имиња од Народниот театар: Камен Донев, Рени Врангова, Албена Колева, Руси Чанев, Радина Боршош, Теодор Елмазов, Дарин Ангелов, Валентин Танев, Иван Брнев, Павлин Петрунов, Биљана Петринска, Јордан Петков, Емил И. Марков, Валентин Балабанов…

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Куче му ги изело картите за важниот натпревар, го продава за 5 фунти

Следно

Советник на Клинтон извршил едно од најкомплицираните самоубиства

Latest from Blog

Загина работник од Бангладеш во Кратово, сопственикот немал работна дозвола!

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“. Пријавениот, сопственик и

ВО ВЕНЕЦИЈА НА 9 МАЈ СЕ ОТВОРА МАКЕДОНСКИОТ ПАВИЛЈОН СО АРХИТЕКТОНСКИОТ ПРОЕКТ „СТРАДА БРУТАЛИСИМА“

Македонскиот павилјон на 19. Венециско биенале на архитектура утре ќе биде свечено отворен во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми. Проектот „Страда бруталисима“ (Strada Brutalissima), под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско

Кој ќе биде нов гувернер на Народна банка?

Мандатот на актуелната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, истекува месецов, седум години откако беше избрана од страна на Собранието. Процесот за избор на нов гувернер, според процедурата, не може да се
Go toTop