ОВА Е ТАЈНИОТ БРАТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП: Требало да биде абортиран, но неговата мајка не прифатила такво нешто!

February 14, 2024
1 min read

Пред осум години светот дозна дека Меланија Трамп има четири години постар полубрат Денис Цигелњак. Еве зошто се крие.

Трамп-манијата отсекогаш го привлекувала вниманието на медиумите и јавноста. Многумина знаат дека таа има постара сестра Инес, но дали знаевте дека поранешната прва дама на САД има полубрат?

Имено, во 2016 година, во магазинот GQ беше објавено дека Меланија има четири години постар полубрат Денис Цигелњак, кого нивниот татко Виктор Кнавс не сака да го признае, туку плаќал алиментација за него со судска одлука додека тој стане полнолетен.

Виктор го имаше Денис со својата поранешна девојка, со која раскина кога дозна за нејзината бременост. Иако никогаш не го признал синот, судот утврдил дека ќе плаќа алиментација додека не наполни 18 години бидејќи ДНК тестот потврдил дека тој е таткото на Денис.

По тој напис, локалната словенечка телевизија го контактираше Денис, кој живее во поранешниот рударски град Храстник, на околу еден час од Љубљана. Потоа открил дека и покрај тоа што никогаш не ги запознал татко си и полусестрите, никогаш ништо не пропуштил.

– Мајка ми, тетките и нивните семејства ми дадоа се, но тоа не значи дека не сакав да го запознам татко ми, рече тој.

Виктор Кнавс побарал од неговата мајка Марија да го абортира детето.

-Мајка ми не се согласуваше со тоа, сакаше да ме задржи. Таа беше разочарана и не сакаше ништо од него, но баба ми ја убеди да бара алиментација, рече тој.

Потоа изјавил дека би сакал да ги запознае татко му и полусестрите, но тоа не се случи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Надал: Во последен момент ќе донесам одлука за настап во Доха

Следно

Град во кој се консумира најмногу алкохол, Даблин го изгуби првото место

Latest from Blog

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите

Азески со дипломатите во Дебар: Рударството мора да се развива со современи технологии и поголема безбедност

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со дел од дипломатскиот кор и бизнисмени од регионот, престојуваше во Дебар, каде што беа реализирани повеќе активности посветени на унапредувањето на

Љатифи: Македонскиот електропреносен систем функционира стабилно и покрај растот на обновливите извори

Македонскиот електропреносен систем во 2025 година функционирал стабилно и покрај зголемениот прилив на енергија од обновливи извори и динамичните промени на цените на регионалните пазари, вели генералниот директор на АД МЕПСО, проф.
Go toTop