Ова е најздравото време за будење, а многумина го преспиваат

August 27, 2025
1 min read

Поголемиот дел од нас секое утро го преспива најздравиот момент од денот – оној меѓу 5:30 и 7:00 часот.

Зошто будењето пред 7 е всушност лековито

Во тој ран интервал телото е во идеална фаза за движење на хормоните кои ја зголемуваат енергијата, фокусот и расположението. Кортизолот којшто често се демонизира, тогаш работи за нас, помага да се разбудиме, да се чувствуваме подготвено и стабилно.

Сончевата светлина во тој период го стимулира произведувањето серотонин, хормонот на среќа и го регулира нашиот циркадијален ритам. Тоа значи подобар сон навечер, помалку нервоза во текот на денот и повеќе ментална јаснотија.

Го преспиваме она што може да нѐ излекува

Доколку се будиме во 8 или 9, влегуваме во денот со задоцнетост. Телото веќе поминало низ природните циклуси, а ние го тераме да се вклопи во ритамот којшто не му годи. Резултат? Умор, раздразливост, чувство дека денот нѐ „гази“.

Како да се разбудиш порано, без мачење

Не мораш да станеш утрински фанатик. Доволно е да го поместиш будењето за 30 минути порано и тоа да го правиш постепено.

– Легни 15 минути порано секоја вечер;
– Избегнувај екран барем 30 минути пред спиење;
– Наутро изложувај се на природна светлина, барем преку прозорец.

Ова не е само трик за продуктивност. Ова е начин да го почнеш денот во мир, а не во брзање.

Како будењето пред 7 може да го промени текот на денот

Поголем дел од луѓето се сметаат себеси за утрински типови. Навикнати сме да се бориме со алармот, денот да го почнуваме во хаос и брзање. Но, кога будењето ќе се помести порано на пример во 6:30 часот, нешто се менува.

Денот не започнува со стрес, туку во тишина. Имаш време да дишеш, да се расониш, да го исконтролираш почетокот на денот.

Раното утро носи простор за размислување, за рутина која не боли, за чувство дека си пред обврските, а не дека ги „бркаш“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ушинова од Штип: Стартува акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина – Очекуваме голем одзив и идеи од граѓаните, со цел да бидат ставени во изборната програма

Следно

ВИДЕО: SpaceX успешно ја тестираше мегаракетата „Старшип“

Latest from Blog

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop