ОВА БЕШЕ МАГИЧНА НОЌ, РЕЧЕ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“

July 19, 2023
1 min read

Ова беше магична проекција, рече режисерот Гоце Цветановски на синоќешната премиера на неговиот прв долгометражен игран филм „Бизнисот на задоволството“ на затворањето на 22. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје. Заблагодарувајќи се на публиката во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) за аплаузот, Цветановски рече дека екипата која се поклони е многу поголема, околу 80-тина луѓе.

„Благодарност и до Синедејс, ова беше магична проекција, прва проекција пред домашна публика. Се надевам дека и понатаму ќе ве забавуваме со добри проекти, добри филмови“, рече режисерот.

Дел од екипата на „Бизнисот на задоволството“. (Фото: К. Попов)

Овој политички трилер минатиот месец беше прогласен за најдобар долгометражен филм на фестивалот „Во палатата“ во Софија, каде што ја имаше и светската премиера.

„Бизнисот на задоволството“ е еден од првите македонски филмови кој се снимаше додека на сила беа строгите ковид мерки. Приказната следи новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција за да разоткрие мрежа на трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Слаѓана Вујошевиќ, Муса Исуфи, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски е автор и на сценариото. Директор на фотографијата е Фејми Даут, за кого ова е прв игран филм по документарецот „Медена земја“.

Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми на синоќешната премиера. (Фото: К. Попов)

Златна ѕвезда за најдобар филм на Синедејс доби „Обичните“ на Софи Линенбаум, а овој филм е награден и за најдобро сценарио на Линенбаум и Михаел Фетер Натански. Сребрена ѕвезда за најдобра режија доби „Тајмаут“ на Ев Душман, а Марија Васкез доби Специјално признание за најдобра изведба  во „Матријархат“. Во жирито беа Габриеле Брунемаер, филмски експерт и ментор, и реѓисерите Дина Дума и Ереник Бекири.

Цветановски со дел од екипата на „Бизнисот на задоволството“. (Фото: МКЦ)

Златно сонце за најдобар филм во селекцијата на филмови од Јужна Европа  SEE (South Eastern Europa) доби „Шоља кафе и нови чевли“ на албанскиот автор Гентиан Кочи, а овој филм ја доби и наградата на филмската критика. Ова жири  со кое претседаваше Влатко Галевски,а членуваа и Стојан Синадинов и Тони Цифровски, членови го награди и унгарскиот „Лери“ на сценаристот и режисер Шилард Бернат.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ и Столтенберг денеска во Брисел ќе разговараат за состојбата во Косово

Следно

Концерт во чест на флејтистот Илија Зимбо вечерва на „Охридско лето“

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на силната соработка со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс. На средбата, како што информира Николоски, биле

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата
Go toTop