Вучиќ и Столтенберг денеска во Брисел ќе разговараат за состојбата во Косово

July 19, 2023
1 min read

Брисел денеска е важна адреса за Белград бидејќи во истиот ден ќе се разговара во седиштето на НАТО и на Европската Унија

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET, архивска фотографија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалог Мирослав Лајчак ќе разговара со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, на Твитер потврди дека Столтенберг денеска ќе се сретне со Вучиќ и најави заеднички изјави за попладнево.

Средбата ја побара Вучиќ минатата недела за, како што најави, да му пренесе на Столтенберг сè за случувањата во Косово. Дополнително, Вучиќ рече дека ќе побара Советот за безбедност на ОН да иницира итни мерки за заштита на косовските Срби.

Инаку, во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда преговори во рамки на дијалогот Белград – Приштина. Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак ќе разговара со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими.

Според портпаролот на ЕУ, Питер Стано, фокусот на разговорите ќе биде ставен на целосното спроведување на договорот од 27 февруари и на чекорите кон деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

На 10 јули Лајчак и главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими, по средбата во Братислава потврдија дека постигнале договор за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, а еден ден подоцна беа презентирани и конкретните чекори кои предвидуваат повлекување на 25 отсто од косовската полиција од и околу општинските згради на северот, организирање вонредни локални избори на крајот на летото и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанија следната недела ќе испрати четири тенка „Леопард“ во Украина

Следно

ОВА БЕШЕ МАГИЧНА НОЌ, РЕЧЕ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“

Latest from Blog

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува
Go toTop