Отворена нова сензорна соба во ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода

February 2, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека денеска била отворена нова сензорна соба во ООУ „Круме Кепески“.

– Заедно со претставници од Фондацијата „Чекор по чекор“, во овој објект отворивме нова сензорна соба која значително го олеснува и унапредува образовниот процес на учениците со попреченост. Сензорната соба, која е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е со површина од 50 м2. Сместена е во просторија која пред темелното реновирање беше училница која не се користеше, информира градоначалникот.

Кисела Вода сега има сензорни соби во половина од основните училишта на своја територија, но интензивно се работи бројот да се удвои, односно сите училишта да имаат ваква сензорна соба.

– Денес, со овој проект уште еднаш потврдуваме дека инклузијата на лицата со попреченост високо котира на листата на приоритетите на делувањето на нашата општина. Годината ја започнавме со отворање на првата инклузивна градинка во Скопје која е лоцирана во Усје, мината година отворивме сензорни соби во две други училишта, а од денес и 21 ученик со попречност од ова училиште добива просторија која е уредена со рехабилитациско-рекреациска опрема и мноштво дидактички материјали и сензорни елементи. Во таа насока, сакам да се заблагодарам на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија, на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, на Советот на родители од ова училиште, како и на повеќе компании кои преку својата општествена одговорност дадоа свој влог во креирањето на подобра иднина за овие лица, напиша Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судски пресуди за 4 лица во врска со терористичкиот напад во Австрија 2020 година

Следно

Бројот на еврејски доселеници на Западниот Брег надмина половина милион

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop