Отфрлена жалбата на Реал Мадрид против строгата казна на Рудигер

May 22, 2025
1 min read

Апелациониот комитет на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) ја отфрли жалбата на Реал Мадрид против високата суспензија од шест натпревари што му беше изречена на Антонио Рудигер.

На крајот од финалето на Кралскиот Куп, кое го освои Барселона, централниот дефанзивец, додека стоеше на клупата, доби црвен картон откако фрли вреќа со мраз кон судијата. Одделно, тој реагираше агресивно на картонот што му беше прикажан.

На „Бернабеу“ се надеваа дека казната ќе биде намалена на четири натпревари, но тоа не се случи. Сето ова значи дека Рудигер ќе пропушти неколку натпревари од новата сезона.

Во претходно споменатото финале, тој се повреди и беше опериран, а ќе се опоравува барем до средината на јуни.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските воени авиони извршија серија воздушни напади во јужен Либан

Следно

Извозот на Турција во Сирија се зголеми за 37 % оваа година

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop