Освен на Асад, кому се Москва му даде засолниште

December 10, 2024
1 min read

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лично му дал азил на Асад.
„Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата. Тоа е негова одлука“, рече Песков, но не одговори на прашањето каде точно се наоѓа Асад.

Во однос на можноста за контакти меѓу Путин и поранешниот претседател на Сирија, според Песков, „таква средба во официјалниот распоред на претседателот нема“.

Освен за семејството Асад, Русија се грижеше и за семејството на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, кој во 1999 година беше обвинет за воени злосторства, вклучително и геноцид и злосторства против човештвото во Босна, Хрватска и Косово.
Мирјана Марковиќ, сопругата на Милошевиќ, ја напушти Србија откако Милошевиќ беше екстрадиран во Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг, каде што му се судеше за воени злосторства и геноцид извршени за време на балканските војни во 1990-тите.

Таа била недостапна за правосудните органи на Србија, а во 2005 година по неа била распишана меѓународна потерница.

Од 2003 година живее во Русија, каде што заедно со синот Марко добија азил. Таа почина во 2019 година, по 16 години избегнување на правдата во Србија, каде што беше осомничена за корупција и организиран криминал, во Русија, каде што беше погребана.

Аскар Акаев, соборениот претседател на Киргистан, дојде во Москва по бегството од уличните протести познати како револуција на лалињата во 2005 година.

Во 2004 година, тогашниот градоначалник на Москва, Јуриј Лушков му обезбеди приватен авион на Аслан Абашиџе, сепаратистичкиот водач на грузискиот регион Аџарија. Абашиџе, исто така, наводно живее во населба во Москва.

Сепак, Москва не ги прифати сите оние кои побараа засолниште.

Откако ја загуби власта во Источна Германија, Ерих Хонекер и неговата сопруга Маргот Хонекер побегнаа во Москва од советска воздушна база во Германија. Тие се засолнија во чилеанската Амбасада, но претседателот Борис Елцин ги вратил во Германија.

Во 1998 година, лидерот на Курдистанската работничка партија, Абдула Оџалан, побегна од Сирија во Москва. Меѓутоа, Русите не го сакале и авионот бил испратен во Африка, каде што беше уапсен.

Пред две години, Путин лично потпиша указ за доделување државјанство на поранешниот соработник на американските разузнавачки служби, Едвард Сноуден, кој откри информации за тајните операции на САД. Сноуден живее во егзил во Русија од 2013 година кога обелодени информации за програмата на американската Агенција за национална безбедност (НСА) со која се изложени на ризик милиони американски граѓани.

Според руски медиуми кои пренесуваат соопштение на Министерството за внатрешни работи – повеќе од 400 странски државјани од „непријателските земји кои споделуваат руски духовни и културни вредности и кои поднеле барање, добиле азил во Руската Федерација“.

Најголем дел од таа категорија во Русија пристигнале од Германија, Латвија, Литванија, Естонија и Канада.

Кон крајот на 2023 година, МВР објави дека за девет месеци повеќе од 110 германски државјани и 84 државјани на балтичките земји поднеле барање за привремен азил во Русија поради закани поврзани со поддршка на руската државна политика.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсен е Васко Ковачевски во голема акција на МВР

Следно

Нова средба на главните преговарачи на Србија и Косово на 17 декември

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop