Осум жртви во пукање во трговски центар во Тексас

1 min read

Осум лица загинаа, а уште седум се ранети во пукање кое се случило вчера во трговски центар во американската држава Тексас, објави Си-ен-ен. Вооружениот напаѓач кој стрелал во луѓето, исто така, е убиен. Тој бил „неутрализиран“ откако еден од полицајците слушнал пукање и го лоцирал напаѓачот.

Првично, полицијата се сомневала дека има уште еден напаѓач, но подоцна е потврдено дека имало само еден.

Очевидци, за дел од медиумите, изјавиле дека убиецот се движел и пукал насекаде, а како што наведува Си-ен-ен, до телото за кое се верува дека е напаѓачот, имало автоматска пушка, панцир и муниција.

Полицијата верува дека го идентификувала и возилото на починатиот осомничен, кое превентивно го прегледувал одделот за бомби.

Фото: Си-ен-ен

Трговскиот центар се наоѓа на околу 40 километри североисточно од Далас, а по пукањето, стотици присутни се евакуирани. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, нарекувајќи го пукањето „трагедија што не може да се опише со зборови“, рече дека државата е подготвена да понуди секаква помош што им е потребна на локалните власти. Ален, Тексас е заедница од околу 100 000 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

20 луѓе се повредени при уривање на вртелешка во Русија

Следно

Реал по 20. пат го освои Купот на Кралот

Latest from Blog