Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол

February 27, 2025
1 min read

Полицијата во Брчко во Босна и Херцеговина, уапси вкупно осум лица осомничени за трговија со деца, откако во куќа во градот пронашла 31 дете.

„Во рамки на досегашните активности за пронаоѓање на 31 дете, уапсени се вкупно осум лица поради сомнение за сторени кривични дела „трговија со луѓе“, „трговија со деца“ и „запуштање“ или злоупотреба на дете“, соопшти окружната полиција Брчко.

Портпаролката на окружната полиција Џевида Хукичевиќ изјави за новинарите дека истрагата за овој случај е сложена и вклучува повеќе линии на дејствување, наведувајќи дека поради сложеноста на случајот, по наредба на обвинителот, воспоставена е соработка со Агенцијата за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Министерството за внатрешни работи на Херцеговскиот-неретвански кантон, како и со меѓународна соработка со Европол.

Полицијата во соработка со Центарот за социјална работа и Црвениот крст пред два дена во куќа во Брчко пронашла 31 дете, по што децата биле пренесени на безбедно место.

Медиумите во БиХ објавија дека пронајдените деца имале хрватски пасоши и дека ги чувала една жена, најверојатно италијанска државјанка, која е уапсена.

Меѓу уапсените наводно има и судски полицаец и неговата мајка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Негативен природен прираст и зголемен број разводи во четвртиот квартал лани

Следно

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop