Османи: Процесот за уставни измени ќе заврши успешно

August 28, 2023
1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е убеден оти процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци.

-Процесот е започнат, како што гледате целиот свет, и САД и ЕУ, ја поздравија одлуката да го започнеме процесот. Убеден дека овој процес ќе заврши успешно во наредните недели и месеци, изјави Османи за МИА при учеството на Бледскиот стратешки форум.

Како што јави известувачот на МИА од Блед, Османи порача дека форумот е уште една платформа да се испрати порака дека мора да се направи посуштински исчекор за интеграцијата на Западане Балкан во ЕУ до 2030 година.

-Ова е уште една платформа каде можеме не само ние туку и земјите од Западен Балкан да се сретнат со Европската унија и да ја дадат пораката дека мора да се направи посуштински исчекор во процесот во овој нов геополитички контекст во кој се наоѓа Европа и оти оваа декада мора да биде декада на Западен Балкан. Мислам дека пораките од сите страни се такви, дека до 2030 Западен Балкан треба да биде дел од ЕУ, рече Османи.

Шефот на дипломатијата во Блед имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, а очекува поголема соработка во наредниот период особено во економијата и инвестициите.

– Со Република Кореја имаме воспоставени односи од 2018 година, се уште градиме доверба и билатерални односи. Ова беше прва средба со министерот и договривме да продолжиме со политички консултации и билатерални средби во Сеул и во Скопје и да ја прошириме одговорната рамка како основа за поголеми инвестици и економска соработка. Очекуваме во Скопје да дојдат големи компании од Република Кореја за да ги видат можностите за инвестиции, изјави Османи.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Четворица мигранти се удавија во близина на островот Лезбос, 18 се спасени

Следно

Обединети Арапски Емирати: Влезот во БРИКС нема да ги наруши односите со Западот

Latest from Blog

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински

Туфегџиќ во Аргумент плус: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар. „По моја проценка
Go toTop