Османи: Понеделник е денот Д”, очекувам консензус за новиот претседавач со ОБСЕ

November 25, 2023
1 min read

реклама


Понеделник ќе биде денот Д”. Очекувам да постигнеме консензус за новиот претседавач со ОБСЕ, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со новинарите по повод претстојниот Министерски совет во Скопје.

Како што информира Османи, се прават максимални напори за постигнување договор. Побарана била и алтернатива – поддршка од Малта да се понуди како кандидат. Земјата ја оставила отворена оваа можност, доколку има консензус.

реклама

-Не смее националните интереси да доминираат врз колективниот интерес. Се надеваме дека во понеделник ќе успееме, дека ќе постигнеме историски успех да обезбедиме претседавач на ОБСЕ. На тоа ни е засега ставен целиот фокус. Организацијата не смее да остане без претседавач. Ако нема одлука до понеделник, мора да покажеме одговорност, истакна Османи.

Според него, доколку не се обезбеди консензус, ОБСЕ ќе влезе во целосно недефинирани прашања, нешто со кое организацијата досега никогаш не се соочила.

реклама

Османи информира дека на 28 ноември се очекува да почне пристигнувањето на учесниците на  Министерскиот совет, а за 29 ноември е предвидена нефорамалната вечера со најголемиот број министри.

На вечерата шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ, но тема како што рече, ќе биде и агресијата во Украина.

реклама

На  Министерскиот совет е предвидено одржување и на повеќе други, т.н. странични настани, за кои се планирани неколку теми: Украина, климатски промени, млади и цивилно општество….

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Дивоградби на Пластичарска: ОЈО Скопје има потенцијални осомничени, но продолжува „пинг-понгот“ меѓу институциите за нивно рушење

Следно

22 години нема слух за учениците Македонци кои учат во лимени контејнери

Latest from Blog

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.

Во пештерата Самотска Дупка на Галичица утврдена хибернациска колонија лилјаци од видот мал потковичар

 За врема на посетата и извршениот мониторинг на биодиверзитетот утврдена е досега најголемата хибернациска колонија  лилјаци на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Во пештерата се

Министерот Ристовски го отвори реконструираното спортско игралиште во СД „Гоце Делчев“

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Министерството за спорт одговори
Go toTop