Османи ќе го посети повредениот охриѓанец откако Бугарија вчера со владин авион го пренесе во Софија

January 21, 2023
1 min read

Од МНР велат министри за надворешни работи утре во Софија ќе разменат мислења за инцидентот во Охрид, како и за зачестените провокации

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, утре ќе ја посети Софија каде заедно со неговиот бугарски колега, Николај Милков, ќе го посетат охриѓанецот Христијан Пендиков кој беше претепан на 19 јануари во угостителски објект на кејот во Охрид.

Од МНР велат дека посетата ќе биде искористена за двајцата министри да разменат мислења за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.

Пендиков, кој е македонски државјанин што се декларира како Бугарин и е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, вчера со владин авион на Бугарија беше транспортиран во болница во Софија.

За инцидентот, бугарското МНР упати и протестна нота преку амбасадорката на Северна Македонија, Агнеса Руси Поповска, а денеска пред зградата на Европската комисија (ЕК) во Софија се одржаа и протести за заштита на правата на Бугарите во земјава. Демонстрантите, поддржани и од националистичките партии „Преродба“ и ВМРО, побараа од ЕУ веднаш да ги прекине преговорите со Скопје.

За инцидентот истрага против едно лице води Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид, кое од охридскиот суд побара и притвор за осомничениот.

ПОВЕЌЕ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

„Не ти е срам да се пишиш Бугарин“ – Покрената истрага против 24-годишен охриѓанец за нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Македонскиот и бугарскиот премиер го осудија инцидентот во Охрид: Ковачевски му ветил на Донев разрешница на случајот

Тројца охриѓани завршија во притвор поради нападот на секретарот на бугарскиот клуб

Пендаровски бара истрага за претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Радев го осуди инцидентот во Охрид: На ЕУ уште еднаш ќе ѝ го предочам прашањето за почитувањето на правата на Бугарите во С Македонија

Бугарија со владин авион ќе го пренесе натепаниот секретар на „Цар Борис Трети“ во бугарска болница

ЕУ го осуди инцидентот во Охрид: Очекуваме властите брзо да го истражат случајот

Османи го осуди нападот на секретарот на „Цар Борис Трети“ и најави дека ќе го посети

Бугарија ќе испрати протестна нота до македонското МНР за претепувањето на секретарот на „Цар Борис Трети“

Претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зидан одбил пет репрезентации, сака да го води Јувентус

Следно

Сеќавање на Трајко Прокопиев, македонски композитор и диригент

Latest from Blog

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински

Туфегџиќ во Аргумент плус: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар. „По моја проценка
Go toTop