Османи: Авторите на нападите врз КФОР и натаму шетаат слободно низ Србија под заштита на Вучиќ

May 30, 2024
1 min read

Косовската претседателка, Вјоса Османи по повод годишнината од нападите врз врз војниците на НАТО на северот на Косово, на 29 мај минатата година, во кои беа повредени 93 војници, пишува дека авторите на тие криминални дејствија сé уште „се шетаат на слобода низ Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната објава на платформата „Х“, Османи вели дека сторителите од, како што ги нарекува, „српските организирани криминални групи“ дејствувале по наредби и се под заштита на „режимот на (претседателот на Србија, Александар) Вучиќ.

„Вчера се наврши една година од нападите на 29 мај врз војниците на НАТО на северот на Косово. Како што јасно се гледа од видео снимките и криминалните истраги спроведени од агенциите за спроведување на законот, 93 војници беа повредени, од кои некои сериозно, во нападите на српските организирани криминални групи со јасни политички наредби од режимот на Вучиќ и водачите на неговата банда. Насилниците, кои се уште се шедтаат на слобода низ Србија и ги штити режимот на Вучиќ, мора да одговараат!“, напиша Османи.

Според неа, „неказнувањето само ги охрабри да ги повторат нападите, што јасно се покажа преку актот на агресија на 24 септември од страна на Србија“.

„Ова беше напад против НАТО и тие што го нарачаа и извршија се добро познати. Неказнувањето мора да заврши! Сите ние го должиме тоа на младите војници кои ги загубија екстремитетите и чии животи засекогаш беа променети, затоа што ги ставија своите животи на линијата на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани“, порача Османи. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Румен Радев се обидува да стане бугарскиот Виктор Орбан?

Следно

Русија тврди дека 8 ракети АТАКМС од американско производство биле соборени над Азовското Море

Latest from Blog

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од

Шасивари – Ѓорѓиевски: Дијалог за реформите во правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски. На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси од значење

Божиновска: Во јули домашното производство покри 94,7% од потребите за струја во Македонија

Македонија во јули произведе 460,8 GWh електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Вештакот Марковски: „Причината за последиците од пожарот не треба да се бара во состојбата од 2012 година“

Градежните вештаци на денешното рочиште одговараат на вкрстени прашања од одбраната. Во фокусот на испитувањето се наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и
Go toTop