Орвелијанско киднапирање на „транспарентноста“

August 29, 2023
1 min read

„Транспарентноста“ се смета за една од најголемите американски повоени реформи. Легислативата ја подготвува калифорнискиот конгресмен Џон Мос во 1955 година, воведувајќи акт што ќе стане еден од големите триумфи на американската демократија.

Актот за слободен пристап до информациите ќе тргне по макотрпен пат да стане закон, на кој уште од самиот почеток се спротивставија речиси сите големи владини агенции.

Конечно добива парламентарна поддршка во 1966 година, по што на потпис доаѓа кај Линдон Џонсон, кому законот исто така не му се допаѓал па го потпишал без јавна церемонија.

Законот за слобода на информациите им даде на новинарите и на граѓаните извонредна моќ да ги истражат некогашните непробојни извршни агенции. Барањата за пристап до информации ги обелоденија гадостите на ФБИ под раководство на Хувер, скандалот Иран-Контра, случувањата во Авганистан….

Транспарентноста со децении се перцепираше како демократски концепт што им дава моќ на обичните граѓани да имаат увид како функционира нивната влада, како се трошат даноците и дали јавните службеници ги почитуваат законите или не. Зборот стана синоним за борба против злоупотребата на моќта преку „Индексот на перцепција на корупција“ на Транспаренси Интернешнл.

„До 2023 година, трансформацијата на терминот „транспарентност“ дојде до фаза во која тој се подразбира како математичка спротивност од она што го замислувал некој како Џон Мос. Кога елитните политичари и медиумски фигури денес зборуваат за „транспарентност“, тие подразбираат владата да наиде на „транспарентност“ во активностите на граѓаните“, пишува Мат Таиби.

Таа трансформација може да се забележи и во „Твитер фајловите“ од 2017 и 2018 година, кога во компанијата почнуваат да размислуваат како подобро да ѝ служат на владата во борба против странските „дезинформации“ и како да се обезбеди поголема „транспарентност“ за домашните разузнавачки служби.

Подоцна, во 2021 година, Институтот Аспен издава извештај со „Препораки за зголемување на транспарентноста“. Само што оваа „транспарентност“ сега им е натурена на граѓаните, чии приватни податоци можат да се прегледуваат од „квалификувани академски истражувачи“.

Озлогласениот Клаус Шваб отворено го брани овој первертиран концепт по кој граѓаните мора да се помират и да прифатат дека немаат приватност.

Неговото „ако немате што да криете, нема од што да се плашите“ е врв на дистопискиот пресврт и нешто што радо би го потпишале ликови како Хитлер и Сталин.

Порано тоа се гледаше само во филмови како „Инвазија на крадците на тела“ во кој на главниот лик му се порачува:

„Нема од што да се плашиш, кога ќе разбереш, ќе бидеш благодарен….“

„Кога значењата на благородните зборови ќе се превртат на глава, мораме да обрнеме внимание. Не дозволувајте некој да ви каже дека транспарентноста значи предавање на вашата приватност на државата. Треба да е обратно,“ пишува Таиби.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Награда на филмската критика за „Кајмак“ на Милчо Манчевски

Следно

„КАЈМАК“ НА МАНЧЕВСКИ НАГРАДЕН ОД ФИЛМСКАТА КРИТИКА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop