Оружје и муниција пронајдени кај 71 годишен жител на Струшко

March 13, 2025
1 min read

Струшката полиција пронашла и одзела оружје и муниција од домот и автомобилот на 71 годишен жител на селото Делогожда.

СВР  Охрид денеска соопшти дека полициски службеници од ОВР Струга вчера во 8 часот го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од селото Делогожда.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирнао во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57 што нелегално ги поседувал изјави портпаролот Стефан Димоски.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Верстапен: Болидот на Ред Бул не е најбрз во моментов

Следно

Израел му се закани на сирискиот претседател и ја потврди намерата да окупира дел од територијата

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop