Оркестарот „Фаме’с“ и виолинистката Ирина Мурезану од Романија на Охридско лето

July 15, 2023
1 min read

Музичката програма на годинешното 63 издание на „Охридско лето“ продолжува со Романска вечер и концертот на виолинистката Ирина Мурезану и уметниците од Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фаме’с“.

„Фаме’с“ претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата „Фаме’с“ која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и професионалното студио на „ФАМЕ’С“ во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа.

Овој проект е дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE), поддржан од Европската Унија.

Креирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство.

Главен фокус Институтот има кон делувањето на оркестарот кој работи во полето на класичната, хибридната, филмската музика и професионално снимање на оркестарска музика. „Фаме’с“ Институтот беше домаќин на голем број млади музичари од различни земји од Европа (земји учеснички во програмата Креативна Европа) како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на оваа програма. Меѓу нив, ќе ги забележиме и имињата на диригентот Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Оливие Дежурс, Етијен Аблеин, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Емили Дејвис и Ирина Муресану.

Виолинистката со романско потекло Ирина Муресану е лауреат и победничка на повеќе престижни натпревари за виолинисти како Меѓународниот натпревар во Монтреал, натпреварот „Кралица Елизабета“, натпреварот на Универзитетот во Јужна Африка (УНИСА), меѓународниот натпревар во Вашингтон, натпреварот во „Шадт“ во Алентаун и други.

Ирина Муресану е барана како солист на двете страни на Атлантикот, како и во САД, Европа, Канада, Азија и Јужна Африка, а нејзините специфични програми кои се тематски конципирани придонесуваат да биде подеднакво активна на концертните платформи, како солист и камерен музичар. Таа е член на Бостонското камерно трио од 2001 година, а настапувала на бројни фестивали во САД, Холандија, Белгија, Франција и др. Муресану е посветена и на изведбата на дела од современата музичка литература, од кои голем дел се напишани токму за неа. Нејзините изведби се запишани на носачи на звук на повеќе интернационални издавачки куќи.

Муресану е професор на Универзитетот во Мериленд, а била дел од професорскиот кадар на Конзерваториумот „Беркли“ како и на Харвард и МИТ. Носител е на престижната Диплома за уметност и титула доктор на музичка уметност од Конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студирала со легендарниот француски виолинист Мишел Оклер.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија: Црвен аларм во 15 града поради топлотните бранови за време на викендот

Следно

ЕУтаназија на слободата на говорот

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop