Општина Тетово: Проблем претставуваат имотите – Се одолговлекува продолжувањето на булеварот В.С. Бато во Тетово

August 21, 2023
1 min read

реклама



Работите на булеварот „Видео Смилевски Бато“ почнаа пред еден месец, но не траеја долго.

На овој простор нема огласна табла за овој проект. Од општина Тетово велат дека работите ќе се интензивираат во септември и дека доцнењата се поради имотно-правните постапки.

реклама

„Само што започнаа работите за продолжување на булеварот „В.С. Бато“. Планираме во септември да го зголемиме интензитетот  поради завршување на сите имотно-правни процедури“, велат од општина Тетово.

Анкетиравме и некои граѓани. Тие ги поздравуваат ваквите иницијативи но апелираат работите да се завршат и да не траат со години.

реклама

„Мислам дека ќе заврши со време, но не знам кога ќе дојде времето. Малку ги одвлекуваат работите. Сега овој новиот што влезе, може побрзо да се заврши“.

„Добро е да се направи, но, сега не знам, некои работи Биљал ги направи, но, сега ќе видиме, тие одат малку бавно, почнуваат со работа и бавно одат. Да беше побрзо, ќе беше добро“.

реклама

Овој  булевар треба да треба да заврши во селото Порој, додека целта е да се избегне метежот кај населбата Дреновец. Отворањето на овој булевар ќе помогне и во сообраќајот кон Косово. Еден километар од овој булевар беше пуштен во 2020 година, а тоа беше инвестиција на Светска банка.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери за одложеното гласање за уставните измени: Одлуката е донесена согласно Деловникот и врз основа на политичка проценка

Следно

Ковачевски- Фон дер Лајен: Силна поддршка од ЕУ за европска интеграција на Северна Македонија, да не се пропушти еднствената шанса

Latest from Blog

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во
Go toTop