Општина Бутел додели 1.000.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите во Кочани

March 19, 2025
1 min read

Општина Бутел денеска одобри финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, која започна со едноминутно молчење во чест на 59-те животи згаснати во трагичниот пожар на 16 март.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема тага за настанот и ја истакна потребата од солидарност и поддршка во овие тешки моменти.

„Македонија е завиена во црно и секој од нас чувствува длабока тага и болка за трагично згаснатите животи. Моите молитви се со семејствата на починатите и со повредените, со надеж за нивно што побрзо закрепнување. Немам зборови со кои можам да ја опишам оваа голема трагедија, но во овие моменти ни се потребни солидарност, единство и одговорност. Кочани, 16.03.2025 – Никогаш повеќе да не се повтори!“ – напиша Костовски.

Овој гест на Општина Бутел е знак на поддршка за семејствата погодени од трагедијата и повик за поголема помош од институциите и граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Издаден налог за приведување на градоначалникот на Истанбул и 99 други поради корупција и тероризам

Следно

АВМУ: Да се почитуваат највисоките професионални и етички стандарди при информирање за погребите на жртвите од пожарот во Кочани

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop