Општина Аеродром: Левица се шампиони во лажни вести, повторно шират дезинформации во јавноста

1 min read

Шампионите во лажни вести, политичката партија Левица, со денешното соопштение за јавноста повторно шират дезинформации и ја замајуваат јавноста, велат од Општина Аеродром.

Општина Аеродром реагираше со соопштение по обвинувањата на политичката партија Левица.

– Објектот за кој тие говорат денес има дозвола  издадена од Градот Скопје каде тие се во неформална коалиција и даваат поддршка за работата на Градоначалникот, Данела Арсовска.

Општина Аеродром, како во минатото, така и сега останува посветена на спроведување на законите, вклучително и во делот на поставување на урбаната опрема на кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти. Инспекциските служби на општина Аеродром веднаш излегоа на терен и преземаат мерки за евентуално постапување во спротивно на законот.

На крајот напоменуваме дека дозволите за поставување урбана опрема на угостителските објекти се целосно во надлежност на Градот Скопје, соопштија од Општина Аеродром.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Бајден најави дополнителен воен пакет од 500 милиони долари за Украина

Следно

Русите знаеле дека Бајден ќе дојде во Киев: Вашингтон ја контактирал Москва за да не дојде до директен судир

Latest from Blog