Најдоцна до 18 декември, лидерите на опозициските партии на Албанците Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами, Арјанит Хоџа и Скендер Реџепи ќе треба до претседателот на Собранието Талат Џафери да достават предлог за член на ДИК.

„Во прилог ви го доставувам извештајот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Истовремено ве известувам дека согласно членот 29 став 1 од Изборниот законик во рок од три дена од денот на приемот на ова известување, најдоцна до 18 декември 2023 година до 16:30 часот, потребно е писмено да ми доставите предлог за член на Државната изборна комисија од листата доставена во прилог на извештајот“, стои во писмото на Џафери.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.