ОН: Сириската Влада сноси дел од одговорноста за неуспехот на меѓународната помош

March 13, 2023
1 min read

Обединетите нации денеска соопштија дека Владата на Сирија, но и други актери, сносат одговорност за доцнењето на меѓународната помош за луѓето кои беа најмногу загрозени од последиците од катастрофалните земјотреси минатиот месец.

Во соопштението на истражната комисија назначена од ОН се наведува дека „хорот на меѓународните критики“ е предизвикан од улогата и активностите на меѓународната организација веднаш по земјотресот во Сирија во кој загинаа околу 6.000 луѓе, главно во областите на северозападниот дел на земјата, во близина на границата со Турција, кои се под контрола на бунтовниците.

„Иако имаше многу херојски акции во најтешките моменти на страдање, бевме сведоци и на голем неуспех на сириската Влада и меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации, спасувачката помош брзо да се достави до оние на кои им беше најпотребна“, изјави претседателот на истражната комисија на ОН, Пауло Пињеиро. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Нашите цели во Украина можеме да ги постигнеме само по воен пат

Следно

Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите ученици

Latest from Blog

Коњановски: Со 4,8 милиони денари ќе се набавуваат електрични велосипеди за граѓаните

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични

Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната

Проданоски: Безбедноста на граѓаните е наш приоритет – почнува поставувањето на „легнати полицајци“

Општина Прилеп започна со реализација на проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот, познати како „легнати полицајци“, на околу 20 локации низ градот и населените места каде што е утврдена

Неделен извештај: Македонската берза со промет од 1,17 милијарди денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 08.06.2026 до 12.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазари во редовното тргување изнесуваше 79.692.253 денари.
Go toTop