ОН проценуваат дека 250.000 луѓе ќе мора да го напуштат Кан Јунис

July 2, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) објави процена дека 250.000 Палестинци ќе мора да побегнат од градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа поради израелските напади, јавува Анадолу.

Тие истакнаа дека Палестинците во регионот „повторно“ се соочуваат со раселување и дека не постои безбедно место во Појасот Газа.

„Проценуваме дека 250.000 луѓе ќе мора да побегнат од Кан Јунис“, објавија од УНРВА.

Портпаролот на израелската војска Авичај Адраи вчера објави Палестинците итно да ги напуштат источните делови на Кан Јунис поради безбедносни причини.

Палестинците на истокот од градот беа принудени да мигрираат кон регионот Ал-Маваси неколку часа по повикот на израелската војска.

Ал-Маваси, кој се наоѓа на запад од Рафа и не е населба, има претежно отворени површини.

Раселените Палестинци се обидуваат да живеат во многу тешки услови во регионот што, исто така, нема инфраструктура, канализациони мрежи, далноводи, комуникациски мрежи и интернет.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Појасот Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Оттогаш се убиени најмалку 37.900 Палестинци.

По повеќе од осум месеци израелски напади големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а влезот на храна, чиста вода и лекови во енклавата е блокиран.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција врз јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од нападите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се преврте чамец на Златарско езеро во Србија, се трага по едно лице

Следно

Турските сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во Северен Ирак и Сирија

Latest from Blog

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек
Go toTop