ОН: Појасот Газа се соочува со невидена криза за храна и глад

December 17, 2023
1 min read

ИСТАНБИЛ (АА) – Филипе Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА), предупреди дека кризата за храна и гладта во блокираниот Појас Газа достигнале алармантно ниво, известува Анадолу.

УНРВА на социјалните мрежи ја сподели изјавата на Лазарини за ситуацијата во Појасот Газа, кој од 7 октомври е цел на жестоки и неселективни израелски напади.

„Каде и да отидете во Газа, гледате луѓе кои преживуваат очај, глад и паника“, рече Лазарини

Посочувајќи дека Газа се соочува со лоши животни услови во обем на каков никогаш досега не бил сведок, Лазарини упати предупредување дека ситуацијата е сѐ потешка.

„Сведоци сме на нешто сосема ново, а тоа е дека луѓето ги запреа камионите со помош, ја собраа помошта и веднаш ја јадеа, што го покажува нивниот очај и глад“, истакна Лазарини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За да светнете за празниците – ракија од Чернобил

Следно

Просторот кај поранешна фабрика Алумина заслужува да биде уреден плански, вели Стевче Јакимовски

Latest from Blog

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да
Go toTop