ОН ја овластија Швајцарија да организира конференција за заштита на Палестинците

November 14, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) ја овластија Швајцарија да организира конференција за заштита на цивилите на окупираните палестински територии, известува Анадолу.

„Швајцарија е овластена од ОН да организира конференција на која ќе учествуваат високите договорни страни на Женевската конвенција за заштита на цивилите на окупираните палестински територии. За организација на конференцијата е задолжено швајцарското Министерство за надворешни работи“, се наведува во соопштението на швајцарското Министерство.

Конференцијата е планирана да се одржи во Женева во март 2025 година, а за текот на работата на конференцијата е информиран и Федералниот совет на Швајцарија.

Претседателката на Швајцарската Конфедерација Виола Амхерд минатиот месец најави дека следните месеци во Женева ќе се одржи конференција за конфликтите на Блискиот Исток.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за екс директорот на ЈП “Комунална чистота”- Богданци

Следно

Одбојкарите на Македонија ги дознаа противниците во Златната одбојкарска Лига

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop