Кривична пријава за екс директорот на ЈП “Комунална чистота”- Богданци

November 14, 2024
1 min read

Денеска (14.11.2024) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против Р.П., поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци, затоа што :

во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие,  со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори, односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП “Комунална чистота“ Богданци, направени од страна на физички и правни лица од општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП “Комунална чистота“ Богданци.

Со тоа, пријавениот сторил кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво според член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија против Летонија за потврда на првото место во групата

Следно

ОН ја овластија Швајцарија да организира конференција за заштита на Палестинците

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop