Делегација од Теслиќ во посета на Општина Кисела Вода

1 min read

Делегација предводена од заменик градоначалникот на градот Теслиќ во Република Српска, Борислав Тесиќ, денеска беше во посета на општина Кисела Вода, информираат од општината.

На средбата со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се говорело за предизвиците и можностите на двете локални самоуправи, а биле дефинирани и сферите во кои ќе отпочне понатамошната соработка.

Како прв чекор кон збратимувањето на Кисела Вода и Теслиќ, е потпишување на меморандум за соработка.

-Оваа срдечна средба е од голема важност, бидејќи ќе резултира со збратимување на нашите општини и можност за понатамошна соработка во сферите кои се од заеднички интерес. Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат двете општини и нашите сограѓани, а подетално се запознавме со сличностите но и разликите во раководењето и поставеноста на локалните самоуправи во Република Македонија и Република Српска, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека прв чекор од новото партнерство ќе биде потпишување на меморандум за соработка, од кој жителите од двете општини ќе имаат културен, бизнис и економски бенефит.

-Благодарен сум за интересот и можноста, уште повеќе за тоа што сега за нашата Кисела Вода се зборува во суперлатив и стекнуваме пријателства кои во иднина ќе ги негуваме и продлабочуваме, истакна Ѓорѓиевски

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

ОН: 73 нерегулирани мигранти исчезнаа на отворено море кај Либија

Следно

Курти: Не може да има целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина без взаeмно признавање

Latest from Blog