Оливер Мусовиќ ќе се претстави со изложба во Регенсбург

October 28, 2024
1 min read

Во среда, 30 октомври, во уличната галерија “Neunkubikmeter” (деветкубниметри) во баварскиот град Регенсбург, ќе се отвори самостојна изложба на Оливер Мусовиќ со наслов „Understory“ (шумарски термин кој на македонски се преведува како долен слој – слојот на вегетација под крошните на дрвјата, а над почвата). Мусовиќ во месец октомври престојува во Регенсбург на резиденцијален престој во рамки на европскиот проект КреАрт мрежа на градови за уметничка креација (CreArt), мрежа во која членува и градот Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 25 ноември.

Оливер Мусовиќ на изложбата преставува фотографија во голем формат од серијата „Обраснато“ (Overgrown) на која работи во континуитет од 2023 година на повеќе локации во Европа и Азија. Проектот ја документира спонтаната реколонизација на напуштените урбани простори од страна на природата – концепт познат како „трет пејзаж”, формулиран од градинарот, пејсажниот архитект и еколошки теоретичар Жил Клеман. Во овие неуправувани простори флората слободно воспоставува нови екосистеми, нудејќи моќен коментар за урбаното распаѓање и еколошката отпорност. Уметникот повлекува паралелни врски со концептот на „мека апокалипса”, каде општествената промена се случува постепено наместо катастрофално, сугерирајќи визија на надеж (соларпанк) во која регенеративната моќ на природата ги трансформира нашите урбани пејзажи. Низ оваа призма, она што вообичаено се гледа како урбано пропаѓање е преформулирано како позитивен процес на еколошка обнова, предизвикувајќи ги гледачите да го преиспитаат својот однос кон управуваните и неуправуваните урбани простори.

Оливер Мусовиќ (Скопје, 1971) самостојно изложувал во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија, Црна Гора и Австрија. Учествувал на бројни групни изложби меѓу кои  „Солидарност – Сега повеќе од било кога“, Вајмар, 2019; „Последици – Промени на културниот пејсаж, Тенденциии на ангажирана пост-југословенска современа фотографија“, Љубљана и други градови, 2012-14; „Историја, меморија, идентитет: Современа фотографија од источна Европа“, Модена, „Во Балканските клисури“, Касел, 2003; Европското биенале на современа уметност Манифеста 4 во Франкфурт, 2002; и Истанбулското биенале, 1999.
Учествувал на резиденцијални престои во Сингапур, Австрија, Германија, Чешка, Кореја, САД, Франција и Швајцарија.

Негови дела се застапени во повеќе јавни колекции како Фондацијата за фотографија, Модена; nbk, Берлин; Народен музеј на Црна Гора, Цетиње; MSUM+ Музеј на современа уметност Метелкова, Љубљана; Музеј на современата уметност, Скопје.

Неговите дела се публикувани во повеќе публикации – прегледи на современа уметност од најзначајните светски издавачи на уметничка литература.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски за изборите во Бугарија: Се надеваме дека ќе има Влада и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ

Следно

Ахмети со шефот на ОБСЕ Вал: Водиме битка за достоинство, еднаквост и Европа а не за власт

Latest from Blog

Најмалку 7 лица, од кои 5 се од исто семејство, се убиени во израелски напади врз Газа

ГАЗА (АА) – Седум Палестинци, од кои петмина од исто семејство, се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од здравствени извори, мајката, таткото и нивните

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на

Над 20 000 ученици дел од „Генералка викенд“

Над 20.000 ученици и повеќе од 1.000 наставници од основните и средните училишта се приклучија на националната еко-акција „Генералка викенд“, низ практични експерименти, часови и работилници посветени на заштита на животната средина

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,
Go toTop