Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

November 5, 2025
1 min read

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за разбивање демонстрациите од граѓаните кои во близина ја поддржуваат Дијана Хрка, мајката на млад човек кој загина лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Хрка апелираше попладенво до граѓаните, кои ја поддржуваат додека таа штрајкува со глад пред српскиот парламент, да останат смирени и достоинствени и да не предизвикуваат немири.

Таа штрајкува со глад веќе четири дена и побара од нејзините поддржувачи да не фрлаат и да се конфронтираат со жандармеријата и полицијата.

„Каде што се, утре нема да постојат, Србија ќе остане слободна“, рече Дијана Хрка.

Таа ги замоли присутните да останат достоинствени и да не се приближуваат до Пионирскиот парк, за да нема судири.

Во Белград од попладнево со голем број автобуси пристигнуваа приврзаници на властите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хакими надвор од терените до Нова Година, го пропушта и Африканскиот куп на нации!

Следно

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop