Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025
1 min read

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети.

Соговорниците постигнаа консензус за потребата од кодификација на ромскиот јазик, отворање катедра за ромски јазик и овозможување на учениците Роми, да го изучуваат ромскиот јазик не само во училиштата во Скопје, туку и ширум републиката.

На настанот беше прочитан дел од предговорот од првата ромска граматика од Шаип Јусуф. Исто така, беа прочитани стихови од делото „Бели патишта“ на авторот Селим Азис. Авторот Сафет Камбер прочита стихови од делото „Слово на душата“, меѓу кои и овие: „Kana ka dikhe chorole sijam, numaj ki atma phiravaja barvalipe. Kamipe bizo sharti isi amen thaj sakoneske daja ole“. („Сиромашни сме по изглед, но во душата носиме богатство. Љубов безусловна имаме и секому ја даруваме”).

Претседателката изрази особено задоволство што првата граматика на ромски јазик, којашто е од непроценлива вредност за милиони Роми ширум светот, е создадена на македонско тло од професорот Шаип Јусуф.

Таа упати порака учениците да си го сакаат, почитуваат и учат ромскиот јазик, како незаменлива ромска татковина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Следно

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop