Околу 100.000 верници на бајрамска молитва во Ал Акса

June 28, 2023
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Во комплексот Ал Акса во Ал Кудс (Ерусалим), бајрамска молитва (Бајрам-намаз) денес извршија околу 100.000 верници, јавува Анадолу.

Денеска муслиманите во светот го одбележуваат првиот од четирите дена на Курбан бајрам, а верниците извршија молитва и во комплексот Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Канцеларијата за исламски вакаф во Ал Кудс соопшти дека на утринската бајрамска молитва присуствувале речиси 100.000 верници од Палестина и други делови од светот.

По молитвата следуваше традиционално честитање и честење со слатки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарија е последна што може да ни држи предавањa за копенхашките критериуми, вели Пендаровски

Следно

Украина: Во руски ракетен напад загинаа 9, повредени се 56 лица

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop