Бугарија е последна што може да ни држи предавањa за копенхашките критериуми, вели Пендаровски

June 28, 2023
2 mins read

Шефот на државата посочи дека Бугарија е држава членка на Советот на Европа која има најмало почитување на одлуките на ЕСЧП, има 15-16 кои не се реализирани и затоа е последна која нам може да ни држи предавање. Борел и другите Европејци, според него, се свесни дека во однос на Северна Македонија се прави преседан со обидите на Бугарија да ни постави историски критериуми

Бугарија е последната земја членка на Европската Унија (ЕУ) која може да ни држи предавања за почитување на копенхашките критериуми, порача денеска претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ги последните изјави на бугарскиот колега Румен Радев кој, меѓу другото, испрати и писмо до европските лидери и институции во кои пристапот на „Република Северна Македонија во Европската Унија да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичка политика“.

На Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа вчера во Подгорица, Пендаровски рече дека се видел со Радев, но имале само куртоазна средба, а не зборувале на темата за ЕУ и бугарските барања.

Меѓутоа, шефот на државата рече дека го видел писмото на бугарскиот колега и оцени дека станува збор за една стара бугарска политика, односно нема никакви нови податоци или предлози.

„Нашиот пат кон Европа е јасен, станува збор за преговарачката рамка која ја усвоивме минатата година. Нови барања од Бугарија не се дозволени, имено поради таа преговарачка рамка за која и Бугарија се согласи. Денеска ЕУ прославува 30 години од носењето на копенхашките критериуми, кои се главниот сет критериуми по кои се влегува во ЕУ, а не разговори за историја. Така што, Бугарија е последната држава членка на ЕУ која може да ни држи предавања за тоа кои се и што претставуваат копенхашките критериуми имајќи предвид дека Бугарија е држава членка на Советот на Европа која има најмало почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Има 15-16 кои не се реализирани. Ние многу добро ги знаеме тие критериуми и тврдам, сум тврдел и порано дека Македонија е најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ во моментот кога ги почнувал преговорите“,

вели Пендаровски.

Во однос на изјавата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, кој за разлика од Радев порача дека нема пречка за евроинтеграцијата на Северна Македонија и билатералните прашања нема да бидат обврзувачки, претседателот рече дека Борел е Европеец и не очекува ништо поразлично од него и другите кои долги години се промотори на тоа што е ЕУ и кои се критериумите за членство. Сите тие, вели Пендаровски, се свесни дека со обидите на Бугарија да ни постави историски критериуми за членство се прави преседан со нас.

„Борел е Европеец, многу добро ги знае европските критериуми, знае како и неговата држава Шпанија влегла во ЕУ. За луѓето кои се долги години следат која е и што е ЕУ и кои критериуми навистина треба да ги исполните, знаат дека се прави преседан со нас со обидите на Бугарија да ни наметне т.н. историски критериуми или критериуми за ревизија на историјата. Не очекувам поинаква реакција од сите луѓе кои навистина се чувствуваат како Европејци и знаат што е суштината на ЕУ“,

рече Пендаровски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гугл е крал на џанк-рекламирањето

Следно

Околу 100.000 верници на бајрамска молитва во Ал Акса

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop