ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев

January 9, 2023
1 min read

Основното јавно обвинителство утре на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на пандемијата со корона-вирусот.

– На брифингот ќе присуствуваат Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева, информираа од ОЈО.

Митрев на гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ „Телма“ рече дека вечерва дознал оти ОЈО ќе информира за случајот, нагласувајќи дека не знае зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите.

Според д-р Митрев, ниту еден пациент не бил доведен во заблуда. Хемофилтрацијата, според него, е релативно стар метод и како што појасни не се употребува за лекување на Ковид и други инфективни болести, туку е помагало, а не метод за лекување.

– Тоа е слично на хемодијализа. Од самото основање ја користиме хемофилтрацијата, а овој нов начин е од 2008 година, додека новиот филтер е од 2013 година што е поврзан со некои имунолошки активности. Пациент кога ќе западне во форма на болеста кога откажуваат бубрезите и срцето се оптоварува, ако не го ставите на таква процедура, пациентот секако ќе почине. Ние не лекувавме Ковид, туку состојба предизвикана од вирусот, рече д-р Митрев.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Италијанската полиција заплени 353 килограми кокаин и уапси четворица албански државјани

Следно

Хакерите објавија над илјада банкарски сметки на албански правни и физички лица

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop