ОЈО: Се бара притвор за тројца приведени во врска со исчезнувањето на Вања, се преземаат дејствија за обезбедување докази

December 3, 2023
1 min read

реклама


Основното јавно обвинителство за ТВ21 информира дека доставен е предлог за определување 48-часовен притвор за тројца од петте лица приведени во текот на вчерашниот ден во врска со исчезнувањето на 14-годишната Вања.

„Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази. За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот“, велат од ОЈО за ТВ21.

реклама

Тие додаваат дека јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката.

„Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, порачаа од ОЈО за ТВ21.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Киев тврди дека соборил 10 руски дронови над јужна и западна Украина

Следно

Пресечен меѓународен канал за транспорт, запленета дрога вредна 120.000 евра

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop