Киев тврди дека соборил 10 руски дронови над јужна и западна Украина

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина тврди дека соборила од 10 до 12 вооружени руски дронови во јужниот и западниот дел на земјата, известува Анадолуи.

„Како резултат на борбена работа, противвоздушната одбра на Военото воздухопловство и Одбранбените сили на Украина, уништени се 10 беспилотни летала од типот ‘Шахед 136/131’,“ се вели во соопштението на украинското воено воздухопловство.

Се додава дека 12 дронови од типот „Шахед“ пристигнале од Приморско-Ахтарскиот регион на руски Краснодар.

Во соопштенеиот се наведува дека поголемиот број на дронови се соборени во јужниот регион Николаев од страна на системите за противвоздушна одбрана, додека другите се соборени во западната област Хмељницки.

Во продолжение се вели дека наведувачка ракета од типот Кх-59 е лансирана од руската област Белгород, но не ја достигнала саканата цел.

Руските власти не ги коментираа овие тврдења.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Продолжува бранот на екстремни горештини ширум Бразил

Следно

ОЈО: Се бара притвор за тројца приведени во врска со исчезнувањето на Вања, се преземаат дејствија за обезбедување докази

Latest from Blog