ОЈО покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

May 21, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против активен врховен судија и уште едно лице за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 од кривичниот законик.

„Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен на лице место во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка. Во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи.“ – информираат од ОЈО.

Претходно, судскиот совет на итната седница му го одзема имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев кој вчера беше уапсен поради сомневање за сторено кривично дело „примање награда за против-законито влијание“.

Судскиот совет го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Како што соопштија од судскиот совет, на 487-та итна седница, советот расправаше и одлучуваше по барање на основен кривичен суд скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија. 

„Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на врховниот суд, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на врховниот суд поднесено од судија на претходна постапка на основниот кривичен суд скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на врховниот суд, до правосилно завршување на кривичната постапка.“ – се наведува во соопштението.

Врховниот судија вчера беше уапсен за примање награда за противзаконито влијание, а како што соопшти полицијата, бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело… Инаку, истражители од обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција цела ноќ вршеле претреси во зградата на Врховниот суд.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина: Се надеваме дека МКС ќе биде објективен во однос на Израел

Следно

На кинески интернет само скромно, само пристојно

Latest from Blog

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина

Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство. Коњановски

Меџити: Чаир се менува од темел – 1.400 метри нов водовод и целосно обновени улици

Во населбата Саат Кула во општина Чаир е реализирана целосна реконструкција на инфраструктурата, која, според градоначалникот Изет Меџити, опфаќа интервенции од подземната инфраструктура до целосно нов асфалт. Меџити посочува дека во рамки

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и
Go toTop