Огромен скандал во Србија… пораки преку Скај апликацијата за ликвидација на Немања Видиќ!!!

June 30, 2026
1 min read

Ужасни вести доаѓаат од соседна Србија каде што очигледно никако да се научи лекцијата дека мафијашки ликвидации и функционирање на таков начин носи само хаос и ништо друго.

Порталот „КРИК“, и меѓународната новинска агенција  OCCRP , откриваат огромен скандал во кој што е вклучен сега веќе екс претседателот на Фудбалската Федерација на Србија, Славиша Кокеза и еден од најголемите асови на срспкиот фубдал Немања Видиќ.

Медиумите јавуваат дека се откриени, криптирани пораки преку апликацијата  Sky ECC, инаку застапена во криминалниот свет поради сигурноста, во кои Славиша Кокеза отворено зборува за притисок врз Немања Видиќ, јавен линч, па дури и ликвидација!? И не само кон Видиќ туку и кон други фудбалски имиња кои критички се настроени кон актуелната фудбалска власт во Србија.
Се започна во 2020 година кога Србија не успеа да се пласира на ЕП, а Видиќ како сериозен авторитет, јавно го нападна фудбалското раководство за лошо менаџирање на федерацијата.

Кокеза пак како што и самата јавност тогаш пишуваше во паника дека Видиќ сака да му ја преземе функцијата (!?), се обратил на подземјето во Србија за „помош“ при справувањето со еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња и легенда на Манчестер Јунајтед.

Кокеза имал кодно име „Федерер“….

На апликацијата „Sky ECC“, Славиша Кокеза има кодно име Федерер (!?), и штом Немања Видиќ го дал своето мислење во јавноста, Кокеза веднаш ги контактирал своите познаници од „другата страна на законот“. А планот секако јасен. Да се преплаши Видиќ на било кој начин и веднаш да се откаже од намерата било што да прави понатаму.

Во пораките кои што излегоа во јавноста во Србија, Кокеза го вели следново:

„Кажете му да се држи што подалеку од Федерацијата, или ќе заврши во провалија…доколку повторно се огласи ќе заврши на гробишта“ – напишал Кокеза.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Прва средба со новиот бугарски конзул во Битола

Следно

Македонска берза со умерен пад на МБИ10

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop