Официјално: Милан се раздели со Алегри, но и со сите директори во клубот!

May 25, 2026
1 min read
ФОТО: AC Milan/FB

Она што се најавуваше, попладнево е официјално. Откако вчера се случи една од најголемите бламажи во историјата на Милан, раководството на клуб денеска искочи со соопштение во кое се вели дека Макс Алегри не веќе тренер на првиот тим, но и дека се разрешени сите директори во клубот.

Ова доаѓа откако Милан вчера дома беше поразен од Каљари со 1:2 во последното коло, иако и бод му беше доволен за пласман во ЛШ.

Ова е соопштението на Милан:

“По разочарувањето од минатата година, мандатот поставен за клубот беше да се врати во Лигата на шампионите и да воспостави основа за постојани победи на врвот на Серија А. Во поголемиот дел од оваа сезона бевме на првите две позиции во Серија А, со веродостојна шанса да се натпреваруваме за Скудетото. Последниот дел беше целосно неконзистентен со перформансите до тој момент, а разочарувачкиот пораз од синоќа во последниот натпревар ја претвори сезоната во недвосмислен неуспех. Сега е време за промени и сеопфатна реорганизација на фудбалските операции. Веднаш се разделуваме со извршниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре, главниот тренер Масимилијано Алегри и техничкиот директор Џефри Монкада. Им се заблагодаруваме на секој од нив за нивната напорна работа и посветеност на Милан за време на нивните соодветни мандати. Понатамошни најави во врска со следните назначувања ќе бидат направени навреме – со цел да бидеме подготвени и добро подготвени за следната сезона.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп најави проширување на историскиот договор: Тоа ќе смени сѐ

Следно

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop