Од Индонезиската болница евакуирани 100 пациенти во јужниот дел на Газа

November 21, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинските здравствени власти денес евакуираа околу 100 палестински пациенти од бомбардираната Индонезиска болница на северот на Појасот Газа во болницата Насер на југ, јавува Анадолу.

Палестинската новинска агенција Вафа цитираше медицински извори кои велат дека евакуацијата била извршена во координација со Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC).

„Во болницата сѐ уште има 500 пациенти, а во тек е координација со Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) за и тие да се евакуираат во болницата Насер и другите болници во јужниот дел на Газа“, изјавија извори за Вафа.

Министерството за здравство со седиште во Газа вчера соопшти дека 12 Палестинци загинале, а десетици се повредени во израелскиот воздушен напад врз Индонезиската болница.

Министерството ја обвини израелската Армија дека се обидува да ја претвори болницата во „масовна гробница“.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Властите во Газа вчера соопштија дека бројот на жртви од тековните израелски напади врз енклавата од 7 октомври се искачил на над 13.300, од кои 5.600 се деца, а 3.550 жени.

Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, е околу 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штекли ги покажа раните од куршумите: „Бог ги сака храбрите“

Следно

Во Битола се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес и Ден на албанската азбука

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop