Од Појасот Газа успешно се евакуирани и последните двајца македонски државјани, информира претпладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи. Се работи за брачен пар, кој од Газа привремено е пренесен на египетска територија, а од главниот град Каиро се очекува да допатува во земјава.

Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани“, информира Османи на својот профил на Фејсбук.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.