Од 56 иницијативи на Антикорупциска, за НИТУ ЕДНА немало обвинение!

January 31, 2024
1 min read

Една птица не носи пролет – вака претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска го оцени слабото постапување на институциите на нивните препораки. На крајот од петгодишниот мандат Ивановска сподели дека од 2019-тата досега тие поднеле 56 иницијативи за кривично гонење на функционери и службеници, но ниту една не резултирала со обвинение. Според антикорупционерот Нури Бајрами пак, ако навреме се постапувало по нивните наоди, можеби некои лица не би ни завршиле на т.н. црна листа на САД.

„Над 200 кривични иницијативи за кривично гонење искочиле во овие дваесетина години од кога постои институцијата. Ниту една нема видено бел ден на суд. Што понатаму? Прашањето треба да се постави во правосудните органи. Со еден процент доверба во тој сектор јасно е што понатаму. Потребни се коренити промени“, рече Билјана Ивановска – претседателка на ДКСК.

„Го почнавме мандатот со некои иницијативи, како што беше Мерко и Општина Струга. Ние го завршуваме мандатот, го имаме и на црна листа и сè уште нема разрешница. Замислете што ни се случува“, рече Нури Бајрами – член на ДКСК.

Според Бајрами, политиката нема волја за промени, додека пак Ивановска оцени дека желбата за реформи е повеќе декларативна, отколку искрена. Таа сподели и дека се соочувале со притисоци.

„Ако се сеќавате, притисоците кон институцијата беа јавни. Дали беше тоа соопштението од кабинетот на Грковска, од кабинетот на Артан Груби, па Бојан Маричиќ се огласи… тогаш беше период кога тројца вицепремиери коментираа за нашите наоди. Потоа следуваше настапот на Јавното обвинителство кое кажа дека ја прекинува соработката, иако нема основа за прекинување на соработката. На сите тие јавни притисоци, ние секогаш сме имале јавни одговори“, рече Билјана Ивановска – претседателка на ДКСК.

Според Ивановска, не може да се случи револуција доколку институциите не сакаат да излезат од комфорната зона. Минатата година институциите спровеле само 14% од препораките на Антикорупциската комисија. Новиот состав на оваа институција на чело со ревизорката Татјана Димитровска ќе стартува од следниов месец.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три хороскопски знаци ја менуваат работата во февруари 2024: Без многу прашања тргаат кон подобро

Следно

Случај Онкологија: Се набавувале лекови на реверс, злоупотреби од 30 милиони евра

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop